Претседателот Стево Пендароски се огласи на социјалните мрежи по повод историскиот медал што го освои нашиот таеквондист Дејан Георгиевски на ОИ во Токио.

Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за Македонија, напиша Пендаровски.

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски загуби со вкупни 15-9 во финалето од прворангираниот на ОИ во Токио, Русинот Владислав Ларин, со што го освои сребрениот медал и испиша историја за нашата земја на едни олимписки игри.

Со ова заврши постот од 20 години без медал за Македонија. Првиот и до претходно единствен, бронзен, го освои Мохамед Ибрахимов во борење на ОИ во Сиднеј во 2000 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.