Дваесетина падобранци вчера учествуваа на Падобрански куп „Скопје 2020“ во прецизно слетување што се одржа во организација на Аероклубот Скопје. Победник на натпреварот беше ветеранот Антонио Гулевски, кој своето водство го круниса со два поени во последниот скок. По него следеа Иван Спиридоновски и Љубомир Нетков.

Одржувањето на натпреварот беше битно за да се одржи континуитетот на падобранските скокови во ова време-невреме, изјави директорот на натпреварот Драги Рајчин.

Натпреварот беше одржан под покровителство на Град Скопје, Аероклубот Скопје и приватни ентузијасти.

Со натпреварот за прецизно слетување, како што соопшти организаторот, се унапредува падобранството и афирмираат воздухопловните спортови во земјава.

Поради мерките на претпазливост, натпреварот се одржа во рамки на клупските членови и со директна покана. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.