Oвојпат навистина

Конор Мекгрегор се пензионираше по трет пат

ММА борецот Конор Мекгрегор (31) заминува во пензија. Овојпат навистина и баш со овие зборови заминувањето на Ирецот од рингот го потврди неговиот тренер Џон Кавано.

Овојпат е навистина, Конор е пензиониран. Мислам, така рече, зарем не? Јас Конор не можам да го наговорам за ништо, луѓето зборуваат сешто. Тој ќе го направи тоа што сака и навистина не можам да ја предвидам неговата иднина, но засега е во пензија, изјави Џон Кавано.

Светот кон оваа вест е скептичен бидејќи се случуваше Мекгрегор да најави дека заминува во пензија и дека се простува од боксот, а потоа добива понуда за борба и се враќаше во рингот. Ова е трет пат како го најавува неговото пензионирање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.