Пливачката Миа Крстевска од ПВК Орион постави апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време од 2.14.53, додека Миа Блажевска Еминова постави неверојатни 11 рекорди, објави порталот Спорт 1.

Блажевска постави кадетски рекорди на 50м делфин со време 28.51, кадетски и младински рекорд на 100м слободно со време 57.60, кадетски и младински рекорд на 50м слободно 26.49, кадетски, младински и апсолутен рекорд на 50м грбно со време од 29.91, кадетски младински и апсолутен рекорд на 100м мешано со време од 1.05.22.

Исто така, пливачката Ева Петровска од ПК Аква Про постави младински рекорд во дисциплината 200м делфин со време 2.20.23.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.