Дванаесет часа за нов предизвик посветен на неговата мајка! Дванаесет часа му беа потребни на охридскиот херој Марко Пејчиновски да исплива од Охрид до Свети Наум и назад. Пред половина час Марко ја заврши патеката. Се чувствствува одлично.

Марко Пејчиновски, кој има склероза на долните екстремитети е првиот кој испливал од Охрид до Свети Наум, а денеска го удвои својот успех враќајќи се назад.

Марко започна да плива во 5.08 од Охрид.

Додека пливаше покрај него беше неговиот татко и тимот кој ја следи здравствената состојба на младиот јунак.
Му честитаме!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.