Уште една од трките во Формула 1 е откажана поради пандемијата на коронавирусот во светски рамки. Откажана е трката за Големата награда на Канада, во Монтреал.

Тоа е веќе деветта одложена или откажана трка од календарот за годинава. Предвидено беше да се вози на 14 јуни, но организаторите одлучија да биде откажана.

Најважно во овие моменти е да го надминеме Ковид-19. Ве очекуваме на патеката „Жил Вилнев“ штом ќе биде безбедно за одржување на трка“ – рече Франсоа Думонтие, претседателот на канадското ГП.

Пред трката во Канада, од календарот за 2020 беа одложени или откажани трките во Австралија, Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Монако и Азербејџан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.