Откако дуелот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс џуниор генерираше 80 милиони долари,м во најава е уште еден босерски спектакл во кој би учествувале две легенди на благородната вештина, борба меѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд.

Тоа би било нова средба меѓу двајцата легендарни боксери по нивниот втор дуел во 1997 година, кога тајсон му одгриза дел од увото на Холифилд.

Холифилд најави дека успешно минале преговорите со тимот на Тајсон идека наскоро ќе има трета борба межу нив.

Преговаравме со тимот на Мајк. Веројатно ќе имаме трет меч – објави Холифилд.

Тајсон (54), по 11 години пауза минатата недела се врати во рингот и боксуваше против Рој Џонс џуниор (51), а борбата во осум рунди заврши нерешено. За овој настап, Тајсон заработи околу 10 милиони долари, додека Рој Џонс инкасира три милиони.

Тоа беше доволно Холифилд да го предизвика Мајк на уште еден меч.

Нивниот меч кога Тајсон му го гризна увото на Холифилд, е еден од најславните во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.