Македонија на ЛОИ во Токио ќе се претстави со 8 спортисти соопшти денеска МОК. Последен на листата се најде пливачот Дерковски како еден од 6-те спортиски кои обезбедија учество со Вајлд кард или остваренипоени.

Според правилата, МОК ја чекаше потврдата на ФИНА, светската пливачка федерација која денеска потврди дека Филип Дерковски ќе учествува на летната олимпијада со што нашата експедиција ќе се претстави со 8 спортисти од кои само двајца обезбедија олимписки норми.

Репрезентативецот во таеквондо Дејан Георгиевски обезбеди А – олимписка норма и заедно со борачот Магомедгаџи Нуров се единствените кои го потврдија учеството во Токио со остварување на добри резултати.

Гергиевски е дебитант на олимпијадите и според резултатите што ги има на меѓународната сцена со право се надева на освојување на медал, особено што учеството на игрите го обезбеди со победа над актуелниот олимписки првак Радик Исаев. Со тоа конечно спортист од Македонија по цели три циклуси обезбеди учество на Олимпијада преку постигнати резултати.

Покрај Георгиевски и Нуров во Токио патуваат и Јован Стојоски – Атлетика

Пулексенија Јованоска- карате,

Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво

Филип Деркоски – Пливање – 732 ФИНА поени

Миа Блажевска – Еминова – Пливање – 741 ФИНА поени

Арбреша Реџепи – Џудо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.