Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), се согласи со предлогот на јапонскиот премиер Шинзо Абе за префрлување на Игрите во Токио за следната година.

Денес, Абе, Бах и шефот на организациониот комитет на Олимпијадата, Јоширо Мори, одржаа видеоконференциски состанок на кој се разговараше за одложувањето на Олимпијадата поради пандемијата на коронавирус.

Предложив г-дин Бах да ги одложи Игрите за една година. Тој 100% се согласува со мене, изјави Абе.

Денес попладне ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на ИОК на кој ќе треба оваа одлука да се официјализира.

Игрите во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.