Викендов, на градските улици во Охрид, јубилеен петти пат ќе се одржи атлетската манифестација „Охрид трчаТ“.

Се известуваат граѓаните, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси-компании, за почитување на привремениот режим на сообраќај, кој во сила ќе биде в недела (6 јуни) од 7.30 до 11 часот.

„Охрид е ‘Охрид трчаТ’ и ‘Охрид трчаТ’ е Охрид, со таа визија ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние што и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид.

Од срце им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и повикуваат за почитување на насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и за сигнализацијата“, велат од организаторите на настанот.

Атлетската манифестација е в недела претпладне, а поканата е отворена за сите на утрешното ЕКСПО, каде што тркачите ќе ги подигнуваат стартните пакети и за самиот настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.