Со учество на 16. репрезентации, меѓу кои и македонската, во Охрид се одржува 9. Светско шаховско првенство за слепи и слабовидни лица.

На турнирот што започна вчера, а ќе финишира на 7 јули во организација на Националната спортска федерација за слепи лица, настапуваат 16-те најдобри репрезентации од последната шаховска Олимпијада за слепи и слабовидни лица.

Македонската репрезентација, предводена од селекторот Трајко Недев, е во состав: Жарко Селковски Жарко – рејтинг 1967, Миле Цапанов Миле (1951), Зоран Костадиновски (1931), Санде Атанасов (1853), Блаже Атанасовски (1763) и Трајче Димов (1617).

Извор: MИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.