Македонската машка одбојкарска репрезентација по победата во првиот пријателски меч, на вториот се поразени од Австрја со 3-1.

Првиот сет го освоија Австријците со 25-19, па успеавме да израмниме на 1-1 во сетови (25:21). Наредните два сета со ист резултат 25:20 ги доби Австрија за поставување на конечниот епилог, а наш вкупно петти пораз летово во серијата тест дуели како подготовка пред учеството на континенталниот собир.

Во подготвителниот период Македонија ја победи Шведска, Бугарија и еднаш Австрија.

Првпат македонските одбојкари ќе учестуваат на ЕП, а групната фаза ја играат во арената „Стожице“ во Љубљана.

Македонија е во група со Финска, Белорусија, Турција, Русија и Словенија. Првиот меч ќе го играме против Финците на 12 септември со почеток од 17.30 часот. Првопласираните четири селекции ќе играат во осминафиналето на шампионатот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.