Македонската одбојкарска репрезентација го запиша вториот триумф против Албанија во пријателскиот натпревар со максимални 3-0 (25-21, 25-21 и 25-23).

Во СРЦ „Кале“ одбојкарите имаа успешни подготовки пред настапите во квалификациите за Европското првенство. Најдобар македонски одбојкар на натпреварот беше Љафтов со 18 поени.

Да потсетиме, Украина и Македонија ќе играат во Запорожје на петти јануари, додека со Унгарија ќе се пресметаме на деветти јануари во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.