Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра на Европското првенство во септември годинава, откако денеска триумфиравме против Унгарија со 3-0 (25-21, 25-20, 25-21) во сетови. Не послужи среќата и сите резултати завршија како што посакувавме.

Најпрво Шведска ни заврши голема работа, откако го совлада Азербејџан со 3-0, а потоа и Летонија го победи Израел со 3-1, па така останавме на петтата позиција на листата со второпласирани репрезентации.

Инаку, на денешниот меч македонските одбојкари одиграа одлично, па првиот сет го добија со 25-21, а нешто слична игра прикажаа и во вториот сет, кој го освоија со 25-20. А, во ист ритам продолжија одбојкарите и во третиот сет, кој го добија со 25-21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.