Машката македонска одбојкарска репрезентација ги дозна ривалите за новото издание на Европската сребрена лига.

Популарните „спартанци“ се најдоа во групата Б каде ќе ги одмерат силите со Романија, Албанија и селекцијата на Босна и Херцеговина. Системот е променет и ќе се игра лигашки, односно со секој ќе имаме по два натпревари-дома и гости.

Првата средба ќе ја одиграме на дома против БиХ на 25 мај 2022 година по што следи гостување кај Романија, па двобој со Албанија за да на крајот ги пречекаме Романците и се надигруваме со Босанците на нивен терен.

Во групата А се пак Финска, Азербејџан и Унгарија со тоа што токму кај последниве и ќе се одржи завршниот турнир (18-19 јуни). Победниците во ова натпреварување ќе обезбедат место во Европската Златна лига и награда од 50.000 евра.

Македонија има четири сребрени медали во досегашните седум настапи, па секако желбата е конечно да бидеме шампиони.

РАСПОРЕД:

1.коло (25 мај 2022)

МАКЕДОНИЈА – Босна и Херцеговина

Албанија – Романија

2.коло (28/29 мај 2022)

Романија – МАКЕДОНИЈА

Босна и Херцеговина – Албанија

3.коло (1 јуни 2022)

МАКЕДОНИЈА – Албанија

Романија – Босна и Херцеговина

4.коло (4/5 јуни 2022)

Босна и Херцеговина – Романија

Албанија – МАКЕДОНИЈА

5.коло (8.јуни 2022)

МАКЕДОНИЈА – Романија

Албанија – Босна и Херцеговина

6.коло (11/12 јуни 2022)

Босна и Херцеговина – МАКЕДОНИЈА

Романија – Албанија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.