Освојувачот на шест грен слемови Борис Бекер за азиските медиуми дал чудна изјава поврзана со српскиот тенисер.

Германецот претходно зборувал дека додека го тренирал Новак, дека тој му се жалел дека нема голем број фанови кои го поддржуваат како што имаат Роџер и Рафа.

Јас всушност мислам дека Новак има милион фанови во светот, не би се согласил дека само Рафа и Роџер имаат навивачи, но разговараме за двајца најуспешни тенисери во историјата, а Новак полека им се приближува во таа категорија – рекол Борис Бекер за „АНИ“.

Оваа негова изјава ги запалила социјалните мрежи, а многубројни фанови на Новак биле шокирани од оваа изјава на Германецот, кој го тренираше српскиот тенисер три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.