Минатиот петок се одржа вонредното Собрание на Атлетската Федерација на Македонија (АФМ), на кое се изгласа нов претседател и нов Извршен Одбор. По изгласаната недоверба на претходното раководство, предводено од Крсто Серафимовски, за нов претседател на АФМ е избрана Александра Војнеска Зикова од атлетскиот клуб Работнички.
Вонредното Собрание беше свикано по барање на Иницијативниот Одбор коj го сочинуваа 14 атлетски клубови. Како нови членови на Извршниот Одбор беа изгласани: Александра Војнеска Зикова, АК Работнички – Скопје, Ивица Јовановски, АК Скок – Куманово, Ана Крстевска, АК Пролет – Скопје, Елизабета Вучкова, АК 7-ми Мај – Скопје, Игор Јакимовски, АК Делта – Скопје, Рахман Алија, АК Лириа – Скопје, Филип Колевски, АК Куманово – Куманово, Љупчо Ѓорѓиев, АК Изгрев – Велес, Ване Стојанов, АК Струмица – Струмица, Кокан Ајановски, АК Нике Рун Клуб, Скопје и Тони Ангелов, АК Брегалница – Штип.
Со очекувања на фер и транспарентен однос кон останатите членови на Собранието и клубовите, Aтлетската федерација им посакува успешна работа на новите членови, со што се надева на значаен придонес кон подобрување на македонската атлетика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.