Новак Ѓоковиќ е повикан од имиграциските власти на Австралија да даде изјава во сабота, по австралиско време. Дотогаш нема да биде притворен во хотел.

Пред Ѓоковиќ се сега три опции. Првата опција е наједноставна, а тоа е Ѓоковиќ и неговиот правен тим да се помират со судбината, да ја прифатат депортацијата и да ја напуштат Австралија. Во тој случај Новак најверојатно ќе добие три години забрана за влез во Австралија, но може да помине и без тоа.

Останатите две опции е судот да ја прифати или одбие жалбата.

Доколку жалбата биде одбиена, тој ќе мора да ја напушти Австралија, но во тој случај речиси сигурно ќе добие тригодишна забрана за влез во земјата.

Третата опција е да биде прифатена жалбата на Ноле и неговите адвокати.

Адвокатите на Ѓоковиќ се уште ги разгледуваат нивните правни опции Доколку поднесат жалба, тие сакаат рационализирано судење со кондензирано време за писмени поднесоци и вербални докази, односно „поедноставен судски процес“ за до недела се да биде завршено, што би му овозможило на Новак да учествува на АО.

Професорката на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, д-р Јанина Боуви, изјави дека Новак може да побара од судот да ја преиспита одлуката на министерот.

Реално е дека, ако нема грешка во правниот процес или ако одлуката нема основа, шансите на господинот Ѓоковиќ успешно да се жали на одлуката на министерот Хок се многу мали – вели д-р Бауи.

Според Пол Сакал од Ејџ, преговорите меѓу правниот тим на Ѓоковиќ и претставници на австралиската влада во моментов се во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.