Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ реши да ја отвори душата. Тој конечно проговори за неправдата којашто му се случи во Австралија.

За потсетување, после 11 дена агонија која ја преживеа во Мелбурн, на Новак му е укината визата и депортиран е од Австралија. Така му е ускратена можноста да ја брани титулата на Австралијан Опен.

На Новак тешко му паднало за се што се случувало во Мелбурн. Србинот не крие дека бил разочаран и повреден.

Она што луѓето не го знаат е дека не сум депортиран затоа што не сум вакциниран или сум ги прекршил правата околу поднесување виза. Причината поради која сум депортиран е  што министерот за имиграција Алекс Хоук го искористи своето дискреционо право да ми ја поништи визата на основа на перцепцијата дека би можел да креирам антиваксерско расположение во земјата, со што целосно не се сложувам – открил Новак во интервјуто за БиБиСи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.