Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана победник на Вимблдон во 2022 година. Во финалето попладнево првиот носител го победи Австралиецот Ник Кирјос.

Во меч што траеше нешто повеќе од три часа, Ѓоковиќ победи во четири сета – 4:6, 6:3, 6:4 и 7:6.

Србинот по седми пат во кариерата стана победник на Грен слемот во Лондон.

За Кирјос ова беше прво финале во сингл на еден Грен слем.

Вкупен награден фонд на Вимблдон 2022 изнесуваше 49 милиони долари. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.