Во Белград ќе се гради Музеј на Новак Ѓоковиќ во 2020 година, најави неговиот татко Срѓан во разговор за „РТС“.

Во 2020 година ќе отвориме музеј во центарот на градот. Интересот од домашните и странските туристи, особено Кинезите, е огромен. Новак е страшно популарен во Кина“, порача Срѓан Ѓоковиќ преку српскиот јавен сервис.

Музејот, според него, ќе биде лоциран во центарот на Белград, поточно, во пешачката зона на „Кнез Михајлова“, пренесува хрватската новинска агенција Хина.

Ѓоковиќ неодамна го освои петтиот трофеј на Вимблдон по победата во петчасовното финале против Роџер Федерер, а една од целите до крај на 2019 година ќе му биде и Ју-Ес опен што почнува на 26 август.

Српскиот тенисер моментно е сопстеник на 16 гренслем турнири, два помалку од Рафаел Надал и четири од рекордерот Роџер Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.