Францускиот тенисер Лука Пуј на социјалните мрежи откри дека е заразен со корона вирус. Тој ќе помине седумдневен карантин, по што ќе направи втор тест.

Полуфиналистот на Австралија опен во 2019 година нема други симптоми освен губење на сетилото за мирис.

Пуј не учествувал на ниту еден турнир од март 2020 година, користејќи ја паузата за операција на десниот лакт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.