Една од најдобрите тенисерки на свето, Симона Халеп, се омажи за романскиот бизнисмен Тони Јурук, Влав со потекло од Македонија.

Тие направија приватна церемонија во градот Констанца, а Халеп објави фотографии од венчавката на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Halep (@simonahalep)

Прекрасно беше и многу сум емотивна. Ова се поинакви чувства од освојувањето на гренд-слем титула, напиша 29-годишната Халеп, која досега ги освојуваше и Ролан Гарос и Вимблдон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Halep (@simonahalep)


Халеп, чии предци емигрирале во Романија од битолското село Маловишта, своевремено изјави дека нејзините влашки врски се толку силни, што ќе ја следи семејната традиција и ќе се омажи исклучиво за Влав. Таа и Јурук, кој е роден во Македонија, се заедно од 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.