Возачот на Мекларен, Ландо Норис оствари најдобар резултат во квалификациите за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Русија. Тој со време од 1:41.993 минута се избори за пол-позицијата.

Второто место го зазеде Карлос Сајнц од Ферари со 0,517 секунди послабо време од Норис.

Од вториот ред ќе тргнат Џорџ Расел од Вилијамс (+0,990 секунди) и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон имаше и едно излетување од патеката со болидот по што удри во ограда и го оштети задниот браник.

Во првите десет најдобри во квалификациите се најдоа и: Даниел Рикардо, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез и Естебан Окон.

Главната трка за руското Гран при ќе се одржи во Сочи утре со почеток во 14 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.