Македонскиот нордиец Ставре Јада го освои 86. место на спринт трката на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Во првиот од двата настапа на овие Игри, Јада ја истрча делницата од еден и пол километри за три минути, 29 секунди и 13 стотинки и само двајца учесници имаа послабо време од него. Јада имаше заостаток од 44 секунди во однос на првопласираниот во квалификациите Лукас Шанава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.