Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги оцени своите резултати сезонава што изминува по освојувањето на последниот АТП турнир.

– Се разбира, тоа е многу пријатно и радосно, со оглед на тоа што оваа година во Австралија започна многу лошо со сите последици што следуваат. Затоа, како што кажав, со оглед на околностите низ кои поминавме јас и мојот тим, семејството и јас, оваа победа е уште поважна, но сфатив дека не сум сам. Чувствував голема поддршка од мојот народ, од Србија. Беше само прашање на време кога ќе ја најдам оптималната форма и да почнам да го играм мојот најдобар тенис. На средината од сезоната успеав, го освоив Вимблдон, а по Вимблдон изгледа загубив само еден меч. Тоа беше неверојатен крај на сезоната, не можев да побарам подобар исход. Сè уште сум многу мотивиран и наполнет да играм тенис на ова ниво и многу сум среќен што ќе можам да се вратам во Австралија и да го играм мојот најуспешен Грен слем досега. Ќе видиме таму. Пред ова интервју, веројатно сум зборувал 1000 пати за оваа сезона и колку е необична. Нема да го повторам она што повеќето луѓе кои следат тенис веќе го знаат. Да, тоа е само големо олеснување и задоволство. Очекувам неколку недели одмор. Многу сум среќен што успеавме да ја завршиме годината со позитивен резултат, изјави Ѓоковиќ

Србинот е освојувач на 21 Грен слем трофеј во кариерата. Во стигна до трофејот на завршниот Мастерс за сезоната 2022 одржан во Торино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.