Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е сè уште првиот играч во светот на АТП-листата објавена денеска.

Ѓоковиќ е прв со 11.740 поени, односно има 1.890 повеќе од второпласираниот Шпанец, Рафаел Надал.

На третото место е Австриецот, Доминик Тим, четврти е Швајцарецот Роџер Федерер, следен е Гркот, Стефанос Циципас, Русинот, Данил Медведев и Германецот, Александар Зверев.

Рускиот тенисер Андреј Рубљов напредуваше за две позиции и сега е осми играч на светот, а најдобрите десет ги заокружуваат Аргентинецот Диего Шварцман и Италијанецот Матео Беретини.

Список на АТП:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.740 поени
2. Рафаел Надал (Шпанија) 9.850
3. Доминик Тим (Австрија) 9.125
4. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.630
5. Стефанос Циципас (Грција) 5.925
6. Данил Медведев (Русија) 5.890
7. Александар Зверев (Германија) 4.855
8. Андреј Рубљов (Русија) 3.429
9. Диего Шварцман (Аргентина) 3.180
10. Матео Беретини (Италија) 3.075

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.