Американскиот боксер Патрик Деј се бори за живот по боксерскиот меч во кој беше нокаутиран од страна на Чарлс Коновел. По девет рунди еднаква борба, Коновел со силен удар во брадата го покоси противникот, кој само падна на патосот и не успеа повеќе да стане.

Додека Коновел славеше, Брзата помош веќе го изнесе Деј, кој во моментов е во индуцирана кома со тешки повреди на мозокот, пренесуваат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.