Започна погребната церемонија за австрискиот возач во Формула 1, Ники Лауда, кој почина на 20 мај. Телото ќе биде изложено до 12 часот, по што ќе следува религиска миса и приватен погреб. Телото на Лауда е облечено во комбинезон на Ферари, а на капакот е поставена неговата кацига.

Австриските медиуми пренесуваат дека на последниот поздрав ќе присуствуваат голем број познати имиња од светот на Формула 1, меѓу кои и возачот на Мерцеде, Луис Хамилтон, шефот на организацијата, Берни Еклстоун, првиот човек на тимот на Мерцедес, Тото Волф, како и други познати имиња од Ф-1. Предвидено е свој говор да одржат поранешните негови колеги, возачите Герхард Бергер и Алан Прост.

Богребот се планира за 14 часот на гробиштата Нојстифтер Фрајдхоф, каде што почива и неговата мајка.

Ники Лауда беше трикратен светски шампион во Формула 1. Две титули освои со тимот на Ферари, а една со Мекларен. Почина како последица на компликации на белите дробови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.