Лошите временски услови кои во моментов владеат во Париз, би можело да бидат дополнителен проблем поради кој Рафаел Надал, навикнат на игра на жежок песок под топлото сонце во Мајорка, би можело да му се намали улогата на фаворит.

Освојувачот на 12 грен слем титули на Ролан Гарос, веќе со денови приговара.

Ова е чудна ситуација за сите. во потполност е поинаку отколку во Рим. Условите за играње тенис таму беа добри. Овде се многу тешки. Тоа прави проблеми на сите. Помалку се екстремни за играње на турнирот надвор,изјави Рафа.

Меѓу првите кои тоа го почувствуваа на своја кожа, синоќа беа белорускињата Викторија Азаренка и црногорката Данка Ковиниќ (6:1, 6:2). Есенскиот ветер кој се вовлекуваше во коски и ситниот дожд во еден момент го прекина натпреварот на празниот стадион Сизан Ланглан.

Викторија Азаренка и црногорката Данка Ковиниќ за време на краткиот прекин

Судијата бараше играчите да почекаат на теренот, но белорускињата се противеше, истакнувајќи дека е потполно нелогично по толку студено време да чекаат надвор. Двете тенисреки, во согласност со Ковиниќ го напуштија теренот пред судијата и воопшто да им дозволи. Во тој момент во Булонската шума имаше само 11 степени целзиусови.

Што се однесува до покривот на теренот, не се сите задоволни. Забележливи се отворите од страните низ кои дува ветер, а кај поголем дожд капките влегуваат внатре. Организаторите истакнуваат дека со ова сакале условите максимално да ги прилагодат за игра на отворено. Но, не е сигурно дека тоа им се допаѓа на играчите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.