Новак Ѓоковиќ игра одлично на овогодинешниот Вимблдон каде што ќе се бори за трофејот против Ник Кирјос во финалето кој ќе биде последна пречка до неговиот 21. гренслем трофеј во кариерата.

Меѓутоа и да го освои Вимблдон Новак го чека голем пад на АТП листата. Оваа година на Вимблдон не се доделуваат бодови. Организаторите беа казнети за исфрлувањето на руските и белоруските тенисери од турнирот. Таквата одлука најмногу го погодува Ѓоковиќ кој од понеделник ќе изгуби 2.000 бодови.

Ѓоковиќ го чека пад до седмата позиција на АТП листата, како утеха може да му биде што со евентуалното освојување на Вимблдон би се доближил до Надал кој има 22. гренслем трофеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.