Во Македонскиот Олимписки Комитет власта врши сериозни притисоци за поставување на функционери на СДСМ на раководните функции во комитетот како би ги користеле средствата за остварување на лични интереси – истакна Влатко Неделковски, претседател на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Алфа телевизија.

Неделковски посочи дека имало изјава од еден од потпретседателите на МОК дека е договорено Васил Тупурковски да остане на местото претседател до крајот на олимписките игри во Токио, што едноставно дава до знаење дека веќе се договорени кој да биде новиот претседател, и ако не е тоа политички договор како би можеле да знаат кога веќе 29 спортски федерации не ги ни дале своите делегати на тоа некое идно собрание во текот на 2020 година.

Неофицијално се дознава дека тешки преговори се воделе до 4 часот по полноќ за тоа како да се распределат местата во МОК, таму е неспорно дека голем дел луѓе, со чест на исклучоците се поранешни видни или идни функционери на СДСМ или коалициони партнери – потенцираше Неделковски.

Тој истакна дека повелбата на ИОК е јасна и вели дека владини функционери не смеат да бидат дел од националните олимписки комитети освен ако националниот комитет самиот не го побара тоа, но веќе два месеци се најавува дека со голем политички притисок во МОК и однапред политички договори и му остана уште на Даниел Димевски официјално да го заземе местото претседател на МОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.