Легендарната тенисерка Мартина Навратилова остро ја осуди одлуката на Новак Ѓоковиќ да ја формира Асоцијацијата на професионални тенисери откако претходно си поднесе оставка од претседателското место на советот на тенисери во АТП.

Ѓоковиќ и Васек Поспишил непосредно пред стартот на УС Опен објавија дека формираа Асоцијација на професионални тенисери (ПТПА) чија цел е да ги штити правата на сите играчи, по што се соочија со бројни критики и напади. Последниот напад дојде од легендарната тенисерка Навратилова.

Тој мисли дека ја прави вистинската работа. Не се согласувам со него, но тоа е негов избор. Кога сте шампион, тогаш треба да се посветитите на спортот. За да се одморите треба да гледате телевизија, да обработувате дрво или да учите како да плетете шал. Тоа може да се опушти. Формирање на нова Асоцијација? Тоа не е корисно на ниту едно ниво. Можеше да го направи кога ќе се пензионира, сега е контроверзно и не е помош. За време на пандемијата на коронавирус се обидува да не подели, а ние треба да се обединиме и да најдеме начин како да се играат турнирите, а луѓето да не заблуваат. Тоа е проблемот на кој треба да се посветиме, изјави Навратилова.

За разлика од Навратилова, Новак Ѓоковиќ во неколку наврати истакна дека работата со ПТПА не го оптеретува туку дека има обврска да им помогне на оние кои немаат „глас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.