Хабиб Нурмагомедов ја изненади јавноста кога по триумфот против Џастин Гејчи објави дека ја завршува кариерата како професинален УФЦ борец.

Таа негова одлука доаѓа во годината кога Хабиб остана без својот татко, со кого беше многу близок и кој му беше тренер и ментор.

Кога ми ја понудија борбата против Џастин прифатив, но ветив дека тоа ќе биде мојата последна борба без татко ми – изјави Нурмагомедов низ солзи по завршувањето на борбата со која дојде до совршен рекорд од 29 победи и ниту еден пораз.

Во таа пригода, Хабиб не обелодени кои му се плановите за во иднина, но неговиот втор тренер, Хавиер Мендез, на социјалните мрежи најави дека Нурмагомедов ќе продолжи да биде поврзан боречките вештини, но овојпат надвор од рингот.

Простување со најдобриот борец на сите времиња, но и почеток на иднината на еден фантастичен тренер, кој ќе ми се придружи за да формираме шампиони на иднината – напиша Мендез, објавувајќи видео со Хабиб.

По ваквата најава, на неговиот досегашен тренер, останува да видиме каква ќе биде дефинитивната одлука на Хабиб и дали тој ќе продолжи да ја испишува легендата за себе во светот на боречките вештини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.