Шпанскиот тенисер Рафаел Надал рече дека е „психички уништен“, стравувајќи од ново долго отсуство од теренот, откако се повреди при денешниот пораз од Американецот Мекензи Мекдоналд во 2. коло на грен – слем турнирот Австралија опен на кој не успеа да ја одбрани титулата.

„Не можам да лажам дека животот е фантастичен, дека мора да останете позитивен и да продолжите да се борите. Не сега. Утре е нов ден, но тешко е. Во прашање е повреда. Морам да признаам дека психички сум уништен. Се надевам дека не е премногу сериозно. Последните три недели беа прилично позитивни и се надевам дека оваа повреда нема да ме одвои од теренот предолго, бидејќи ќе биде тешко повторно да се мине низ целиот период на рехабилитација“, изјави Надал на конференција со новинарите во Мелбурн.

Надал, кој има рекордни 22. грен – слем титули во кариерата, не успеа да го одбрани трофејот на Австралија опен, откако денеска загуби од Мекдоналд со 4-6, 4-6, 5-7.

За Шпанецот, кој во кариера има освоено рекордни 22. грен – слем титули, ова е најрана елиминација на Австралија опен од 2016 година, кога во 1. коло беше совладан од сонародникот Фернандо Вердаско.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.