Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој закрепнува по повредата на коленото добиена на мечот со Карен Хачанов на турнирот во Индијан Велс, зборуваше за неговата состојба. Според него, тој веќе е вратен во нормала.

Во последниот период имав проблеми со повреди и беше тежок за мене. Не можам со сигурност да ја оценам мојата состојба, но вака првично ќе речам дека ги надминав проблемите. Зад мене е период кога морав да прекинувам тренинзи и натпревари. Тешко е да се справиме со ова, бидејќи има влијание и психолошкиот момент. Се чини дека постојано се навраќате. Но, сега коленото е во ред, јас сум задоволен. Сега треба да работам на играта, изјавил Надал.

Вториот светски рекет очекува веќе на турнирот во Монте Карло да го фати вистинскиот ритам.

Прв противник на Надал, на Мастерсот во Кнежеството, во утрешниот меч ќе му биде сонародникот Роберто Баутиста – Агут.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.