Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Шпанецот Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос откако во финалето го совлада Доминик Тием од Австрија со 3-1 во сетови (6-3, 5-7, 6-1, 6-1).

За Надал ова беше рекордна 12. титула на Ролан Гарос, а воедно стана првиот тенисер во историјата кој освоил дванаесет трофеи на еден грен-слем турнир.

Надал сега заостанува само со два турнири зад лидерот Роџер Федерер кој има бројка од 20. Што се однесува до самото финале, истото траеше нешто повеќе од три часа.

Титулата на Шпанецот нема да му донесе промени многу во АТП рангингот бидејќи останува на втората позиција, но со намалена негатива зад Новак Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.