Рекорден број 1.585 натпреварувачи од 20 држави го пријавија учеството на годинешното трето по ред издание на спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“.

Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде в сабота на 1-ви јуни од 9 до 20 часот на Градскиот плоштад.

Програмата на Атлетскиот викенд започнува в петок на 31 мај со Ноќната трка. Учеството на Ноќната трка е бесплатно, а на целта ќе има концерт во живо и паста забава.

Организаторите на „Охрид трчаТ“ им се заблагодаруваат на пријавените учесници, со повик оние кои не учествуваат во трките в недела на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.