Селекторот во борење Љуљзим Вранези и репрезентативецот Елмедин Сејфулау беа дел од Европското првенство во борење во Букурешт (Романија), каде Македонија освои бронза преку натурализираниот Владимир Егоров во категоријата до 57 килограми. Но, покрај учеството, медалот и добриот настап на Сејфулау (петто место), во Романија настапот на дел од македонската селекција донесе и скандал, објави порталот спорт1.мк

Македонската боречка легенда Зоран Шоров објави фотографија на која селекторот Вранези и репрезентативецот Сефулаху гордо се сликаат со албанското знаме. Иако се дојдени да ја промовираат и презентираат Македонија, таква слика со македонско знаме нема, а има со знаме на западниот сосед, Албанија, сликани заедно со уште двајца борачи од соседната земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.