Поранешната прва тенисерка на светот,Моника Селес, чија брилијантна кариера како девојче ја прекина психопат кој ја прободе со нож, признала дека е со лошо здравје.

Имав проблем со вознемиреност уште од детството. Среќна сум што навреме добив помош, но сепак се борам кога се чувствувам под стрес и изолирано. Анксиозноста нема граници и сите ние што го имаме овој проблем се чувствуваме поинаку, рекла Моника во видео по повод Светската недела на ментални болести.

Да потсетиме, во судбоносната 1993. година, кога Моника имаше само 20 години, беше прободена со нож од страна на Гинтер Парх, вознемирен обожавател на Штефи Граф.
Откако претрпе голема траума во Хамбург, Селеш се врати на тенисот по две години, но никогаш не беше на исто ниво како порано.

Се обидувам да вметнам каква било форма на движење во мојата дневна рутина. Трчање, танцување и моето омилено – прошетка со кучето. Уживам да разговарам со пријателите и тие навистина ми помагаат да минам низ некои многу тешки периоди во мојот живот, открила Моника и дала совети на сите што страдаат од истата мака: Ако сте родител или тинејџер кој се бори за време на оваа криза, ве молам, знајте дека не сте сами, е пораката од Моника Селеш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.