Моника Селеш е една од најдобрите тенисерки во историјата. Таа точно пред 30 години на тениски меч кога правеше пауза беше прободена во грб од психички пореметен Германец. Подоцна се утврди дека тој бил лудо заљубен во тогашната нејзина најголема ривалка Штефи Граф.

Иако „Малата Мо“ по паузата се врати на терените, тоа никогаш не беше старата Моника. Сеќавајќи се на тој момент вели дека никогаш не можела да претпостави дека тоа ќе ја промени историјата на тенисот.
Селеш денеска има 46 години,мажена за американски милјардер и живее на Флорида. Во родниот Нови Сад нема дојдено откако се откажа од југословенското државјанство а српско никогаш не побара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.