Божидар Мирчевски и Јана Костадиновска триумфираа на јубијелното 40 Илинденскиот пливачки маратон во Охрид.

Патеката од Горица до градското пристаниште, во должина од 2,5 километри, Мирчевски од ПК ВИП Работнички ја мина за 31:51 секунди, второто и третото место им припадна на Давид и Петар Кралевски од ПК Куманово.

Во женска конкуренција пливачката на Младост, Јана Костадиновска заврши со време од 32 минути. Второпласирана беше Лина Божиновска, а третото место и припадна на Калина Стојчевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.