Рускиот тенисер Данил Медведев ќе игра во финалето на Мастерс турнирот во Париз откако во полуфиналето во два сета го победи Александер Зверев.

Медведев титулата освоена минатата година ќе ја брани против Новак Ѓоковиќ кој од друга страна годината ќе ја заврши како најдобар тенисер на светот на крајот од годината.

Вториот тенисер на АТП ранг листата одигра фузиозен меч против Зверев кого го совлада за 80 минути со 6:2,6:2.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.