За првпат во 75-годишната историјата, Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) на медалистите на претстојното Светско првенство ќе им додели парични награди. Како што соопшти прес-лужбата на организацијата, фондот за наградите е поставен на 2,6 милиони американски долари.

Златните медалисти ќе добијат по 100.000 долари, освојувачите на сребрени медали по 50.000 долари, бронзените 25.000 долари.

Претседателот на АИБА, Умар Кремлев изјави дека боксерите заслужуваат награда од федерацијата за нивното време и труд.

Ова е првпат АИБА да ги награди финансиски медалистите на Светските првенства. Овие пари се заслужени земајќи ги предвид годините на подготовки и направените напори потребни за да се освои место на подиумот. Знаеме дека овој развој ќе биде голема придобивка за нашите боксери. Не само што треба да бидат успешни во рингот, туку и задоволни и просперитетни – додаде Кремлев.

Светското првенство во бокс ќе се одржи во Белград од 24 октомври до 6 ноември. Предвидено да се доделат 13 сета медали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.