Македонската машка одбојкарска репрезентација е хит во Европа, а нејзиниот историски успех го одблежа и Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), која пласманот на Европското првенство го оцени како едно од најпријатните изненадувања заедно со успехот на Црна Гора, која исто така првпат ќе биде дел од континенталното првенство.

Одбојкарите синоќа во СРЦ „Кале“ ја испишаа најубавата страница откако се пласираа на ЕП  во Франција, Белгија, Холандија и Словенија. Македонија како една од петте најдобро второпласирани селекции обезбеди виза за „ЕуроВолеј2019“.

Македонија предводена од Никола Ѓорѓиев и компанија ја победија Унгарија со 3-0 во Скопје и на земјата и обезбедија историско прво учество на Европско првенство, пишува ЦЕВ.

Европското првенство ќе се игра од 12 до 27 септември, а Македонија на ждрепката ќе влезе од најслабиот барабан. На ЕП ќе има четири групи по шест селекции, а првите четири ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.