Македонскиот репрезентативец Јован Стојоски (АК Охрид) во финалето на трката на 400 метри го освои 6-то место на Европското првенство под 23 години кое се одржува во Гавле, Шведска.

Стојоски во финалето успеа да го подобри времето од полуфиналната трка за 1 стотинка, неговиот резултат во финалето изнесуваше 47.01 секунда. Првото место му припадна на Саиди Фабрисио (Франција) со време од 45.79, втор беше Калмерс Камерун (Велика Британија) со време од 45.92, додека бронзениот медал му припадна на Лопез Брајан (Италија) со време од 46.16.

Стојоски во Гавле настапи и во дисциплината 200 метри, но не успеа да ги помине квалификациите, постигнувајќи време од 21.64 секунди.
Честитки за Стојоски, и му посакуваме успех и во предстојните натпревари за македонската репрезентација, соопштија од Атлетската федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.