Александар Љафтов е македонскиот одбојкарски репрезентативец, кој му му оддаде почит на својот поранешен сограѓанин и соиграч, Дени Стојчев.

Стојчев почина на само 32-години, а беше менаџер на локал во Струмица и поранешен играч на Џио Струмица и репрезентативец во младите категории.

Љафтов излезе со маица и порака: „Почивај во мир Дени Стојчев“, што воедно значеше и последен поздрав кон својот клупски и репрезентативен соиграч.

Струмица и Македонија се уште се во шок и неверување за веста која потполно ги потресе сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.