Петар Богатиновски – македонскиот картинг шампион во класата до 10 години повторно е на картинг патеките. По паузата поради ковид-19 кризата, на 5. септември, во сабота, ќе се натпреварува на патеката „Ада Хуја“ во Белград. Оваа трка ќе се бодува за Централно Европската Зона. Богадановски ќе настапи во класа 2 Ротакс Мини Макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години. Тој досега настапуваше во класа 1, која е за учесници до 10 години.

Петар Богатиновски е и двократен шампион на Србија во 2017 и 2018 година, a 2018 е европски вицешампион во неговата категорија.

Ова е четврта трка годинава, но за Богдановски ќе биде прв настап поради глобалната пандемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.