Поминаа неколку дена откако шпанскиот тенисер Рафаел Надал го кажа судбоносното Да на својата долгогодишна избраничка Марија Франциско Парељо.
Како што пишуваат медиумите, на тенискиот свет му се подготвува уште една голема свадба.

Имено, таткото на шампионката на Вимблдон, Симоне Халеп, дал одобрение на нејзиното момче Тони Јуруци(40), да ја земе за жена, но тука има една финта.

Старе Хале побарал од овој милијардер, по потекло од Македонија, да ја помести венчавката за септември наредната година, како Симона би учествувла во последниот Гренд Слем оупен во сезоната, УС Опен.

Тие се една година во врска, а Тони е Влав. Шампионката на Вимблдон е една од најполуларните луѓе во Романија, а во моментов се наоѓа на шестото место на ВТА листата.

Нејзината желба е да се венчаат во Романија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.