Македонските каратисти се вратија од меѓународниот карате турнир во Крушевац со 30 медали. Репрезентативците освоија 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали.

Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца до 10 години.

Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали, Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена.

Успешни беа и останатите каратисти Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција.

На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа повеќе од 600 напреварувачи од 5 држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.